Таа е константно во контакт со семејството и пријателите, а виенските медиуми пренесуваат дека им кажала дека повеќе не може да ги поднесе ужасите од “светата војна”. 15-годишната Сабина Селимовиќ се’ уште не сака да се врати дома.
Девојките на 10-ти април побегнале од дома и се приклучиле на терористичката организација ИСИЛ. Според сознанијата на австриските власти, двете се омажени за чеченски терористи, а постоеле и шпекулации дека се бремени. Сепак, Самра сака да се врати во Австрија.
“Таа константно е во контакт со семејството и пријателите во Виена. За девојче кое по пат на интернет било намамено во таканаречената “света војна”, глетките кои ги видела станале неподносливи”, изјавил за весникот Österreich неименуван извор.
Самра и Сабина секојдневно гледаат јавни ликвидации, убиства и напади од небо, а утеха бараат во контактот со семејството. Експертите сметаат дека бегство од регионот кој го контролираат терористите на Исламската држава е речиси невозможно. Сепак, за младата Босанка постои надеж, бидејќи пред само неколку денови една Сиријка успеала да побегне и да премине во Турција.