Најголемите проблеми во врската се јавуваат поради недоразбирања кои се случуваат поради природните разлики во начинот на размислување меѓу мажите и жените.

Жените често зборуваат, без пред тоа да размислат, додека мажите често реагираат, без претходно да размислат.
Доколку жените се несреќни во врската, тие не можат да се сконцентрираат на работа. За мажите важи обратното, доколку се несреќни на работа, не може да се концентрираат на врската.
Жените се подложни да ги „завиткуваат“ работите кога зборуваат, а мажите се директни.
Ако мажот има многу проблеми, неговиот мозок се обидува да ги распореди и да најде решение за нив решавајќи ги еден по еден.
Доколку жената има многу проблми, таа само сака некој да ја ислуша, и потоа не се „оптеретува“ со нив многу и со тоа дали проблемите се решени или не.
Кога мажот ја лаже жената во лице, таа лесно може да ја „провали“ неговата намера, затоа што женскиот мозок природно на зборовите им обраќа внимание само 10 отсто. Предност се дава на говорот на телото, дури 20 проценти, и изразите на лицето, дури 70 проценти.
Машкиот мозок не го прави тоа, па затоа жените лесно може да ги лажат своите партнери во лице без ни малку мака.