Зошто жените се заљубуваат после сексот?


Жените може да се врзат за партнерот дури и кога станува збор само за секс за една вечер, а мажите може да станат зависни од секс.

Научниците од Универзитетот во Њу Џерси со скенирање на женскиот мозок неодамна откриле дека за време на сексуалниот чин и доживувањето оргазам се активираат триесет различни центри во мозокот вклучувајќи ги и оние делови одговорни за емоциите, допирот, среќата, задоволството и меморијата.

Покрај тоа оваа студија установила дека во моментот на оргазмот жените не чувствуваат болка туку само уживање.

Главниот хормон кој се ослободува за време на односот е окситоцин и токму овој хормон е одговорен за тоа што повеќе им верувате на луѓето со кои сте интимни.

Окситоцинот исто така е одговорен за врзување со другите лица бидејќи го зголемува нивото на емпатија.

Во женскиот организам се произведува поголема количина од овој хормон и иако не се знае точната прична зошто тоа е така сепак поголемото ниво на окситоцин во организмот ја зголемува можноста за заљубување во партнерот после сексот.

Проблемот е во тоа што организмот не знае дали односот се случува со личност која е само авантура или потенцијален долгорочен партнер, па окситоцинот се излачува и во двата случаи.

Зголеменото ниво на овој хормон кај жените им помага да се поврзат и зближат со партнерот но исто така може да ги наведе да се заљубат несреќно.

За разлика од жените кај мажите за време на односот се излачува хормонот допамин кој не влијае на поврзување со партнерката туку замо предизвикува силно чувство на пријатност.

Токму допаминот е одговорен за предизвикување на зависност од секс и од таа причина мажите се повеќе зависни од секс.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1