Вчерашните снежни врнежи на планината Кожуф ги донесоа старите маки, одроните на патиштата и непроодност за возилата, пишува Гевгелија нет.
Карпестите одрони се толку големи што ни неколкумината планинари од Планинарското друштво „Кожуф“ не успеале да ги отстранат од патот. Со тоа делницата од Смрдлива Вода кон Кожуф остана непроодна за возилата со кои планинарите требаше да се упатат кон врвот Аџибарица.
„Се потрошија милиони евра буџетски средства за да гледаме вакви слики секоја зимска сезона на Кожуф. Патиштата се за користење, не само за сликање: кој со одронети карпи, кој со ножици за сечење црвени ленти“, коментира порталот..