Зошто на зетот убиец не му било одземено оружјето? – осуден бил на условна казна


Откако сопругата Данче С. ја повлекла пријавата за телесна повреда, Обвинителството по службена должност го гонела Тони С. за загрозување на сигурноста, за што добил условна казна од три месеци доколку во рок од една година не го повтори делото, пишува Телеграф

Тој одговарал за делото загрозување на сигурноста откако сопругата Данче С. по поднесеното обвинение на првото рочиште го повлекла предлогот за кривично дело – телесна повреда, со што престанала натамошната постапка.

toni

– Имено, за ова кривично дело, постапувањето е по предлог на оштетените и обвинителството нема право да поведе постапка – стои во објаснувањето од Обвинителство.

Според Кривичниот законик, тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со сериозна закана дека ќе нападне врз неговиот живот или тело или животот или телото на нему блиско лице ќе се казни со парична казна или казна затвор до шест месеци.

Еден од протоколите е и на самото место полициските службеници да вршат задолжителна проверка на присуство на оружје на местото на настанот. Доколку се утврди дека постојат елементи за сторен прекршок или кривично дело, истото веднаш привремено му се одзема. Доколку сторителот доброволно не го предаде оружјето се обезбедува налог за претрес од истражен судија.

Секторот за внатрешна контрола ќе проверува зошто полициските службеници од полициската станица Кавадарци не му го одзеле оружјето, а токму со оружјето кое го поседувал со дозвола осомничениот Тони С. ги извршил убиствата.

Ниту Центарот за социјални работи не постапил по случајот за пријава на телесна повреда при семејно насилство зошто Данче С. не потпишала согласност за тоа.

Таа му дала согласност на Центарот во почетокот на ноември месец за преземање на предлог-мерки за заштита од страна на Центарот како забрана од закани, вознемирување и малтретирање. Постапувајќи по нејзината согласност, Центарот донесе заклучок да му предложи на судот изрекување привремени мерки за заштита.

Телеграф.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1