Шеснаесет годишниот И.Б. е малолетникот кој денес беше удрен од автомобил во близина на Католичката црква.
Момчето по ударот итно беше пренесено во Ургентниот центар каде за жал им подлегнало на повредите.
Несреќата се случи кога во 16-годишниот скопјанец удри џип Туарег управуван од скопјанецот Д.М. (20).
Очевидци за Курир раскажаа дека И.Б. го поминувал пешачкиот премин во моментот на ударот. Од силината на истиот малолетникот беше отфрлен неколку метри, а за несреќата при полицискиот увид, останаа да сведочат неговите две патики.