ВИДЕО: Говорот на Кенеди со кој си изрече „смртна пресуда“ за цело свое семејство


Говорот на Џон Ф. Кенеди за медиумите и тајните друштва кој го одржал на 27 април 1961 година во познатиот хотелот Асторија во Њујорк, многумина сметаат дека го „платил“ со живот.

Кенеди, во својот говор открил некои од работите кои се случуваат зад завесата, објасни како се работи со медиуми, но отишол и подалеку па го откри најинтересното…kenedi-atentat-rojters-glavna-1368515109-309975

„Самиот збор тајност, спротивното е на слободно и отворено општество. И ние сме како народ, по својата природа и историско наследство, спротивни на тајни друштва, на тајни договори и тајни постапки. Ние одамна одлучивме дека ризикот од прекумерно и неовластено криење одредени документи оди многу подалеку од опасноста која првично доведува до такви мерки.“

„Тука е и смртната опасност од ситуацијата дека потребата за зголемување на безбедноста ќе биде злоупотребена од оние кои со нетрпение чекаат на тоа зголемување до границите на цензура и прикривање. Ова е нешто што не планирам да се овозможи.“

„Ги повикувам сите издавачи, уредниците и новинарите да ги преиспитаат своите стандарди и да ја признаат природата на заканата што виси над нас.“

kenedi

„На глобално ниво, ние сме против монолитен и немилосрден заговор кој се потпира првенствено на тајната намера да ја прошири својата сфера на влијание; на инфилтрација – наместо на инвазија; на субверзија- наместо на изборот; на заплашување наместо слободен избор; герилците во темнината- наместо на војници во светлината на денот … тоа е систем што врбува огромни материјални и човечки ресурси и создава структура тесно поврзана со ефикасна машина која ги комбинира економската, воената, дипломатската, научната и политичката работа. Нивните подготовки се сокриени, не се јавни. Нивните грешки се скриени, а не во насловите. Оние кои не се согласуваат со нив – се замолчени. Нема гласини, нема споменување на трошоците, ниедна тајна не се открива.“

Со овој говор, Кенеди буквално си ја изгерече својата смртна пресуда…

По Џон Ф. Кенеди, целата династија е скршена. Откако Џон беше убиен, следуваше неговиот помлад брат Роберт, американски сенатор кој се кандидираше за претседател и тоа во екот на кампањата, во 1968 година.

robert f kenedi

Несреќна судбина имаа и неговите синови: Џо доживеа сообраќајна несреќа во која една негова сопатничка остана парализирана. Вториот син на Роберт, Мајкл, на кого секс-скандалите не му беа непознати, во 1997 година почина на возраст од само 39 години. Фатален беше ударот во дрвото на ски патеките во Аспен. Дејвид Ентони отиде во пеколот на зависноста од дрога, од која не беше во можност да се поврати.

Му пресуди голема порција хероин, се предозираше, и тоа само на 28 години возраст. Многу ветуваше синот на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди помладиот. Примерен млад човек и адреналински зависник страдаше во воздухопловна несреќа заедно со неговата сопруга Гејл Лорен Басет.

Единственото преостанато од Кенеди, третиот брат Едвард, почина во 2009 година, по долго боледување, од рак на мозокот. По убиството на Џон и Роберт Кенеди, добивал смртни закани од средината на 1960-тите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1