Воведувањето на услугите за инстантен превод на странски јазици на „Скајп“ е се поблиску. Тестирана е веќе верзијата за шпански и англиски јазик, а наскоро се очекува да има превод за повеќе од 40 други јазици
„Мајкрософт“ ја започна тест верзијата на алатката за превод на „Скајп“, со која додека две личности разговараат на различни јазици ќе можат да се разбираат без проблем при видео разговор.
Гурдип Пол од „Мајкрософт“ вели дека оваа иновација чекала повеќе од десет години одложувања.
-„Скајп“ алатката за превод ќе воведе неограничени можности за да можат луѓето ширум светот да се поврзат, комуницираат и соработуваат. Луѓето веќе нема да ги ограничуваат географијата и јазикот, објаснил тој.
Алатката била тестирана во училишта во Мексико сити и во Вашингтон. Децата разговарале на мајчиниот јазик, играјќи игра насловена „Мистери Скајп“ каде поставуваат прашања за да дознаат од каде се нивните соговорници.
Повеќе од 300 милиони луѓе ширум светот секој месец го користат „Скајп“.