МПЦ ПОБАРА МИЛОСТ ЗА ВРАНИШКОВСКИ


Македонската православна црква побара од властите милост за поранешниот митрополит Јован Вранишковски. Заклучокот е донесен на вонредната седница на Светиот архиерејски синод, одржана веднаш по завчерашната средба на поглаварот, господин господин Стефан со рускиот митрополит, господин Иларион.

vraniskovski

,,Раководен од духот на човекољубието, а заради повисоки цели, САС на МПЦ-ОА ги повикува надлежните власти на РМ за милост кон затворениот поранешен митрополит Јован, кој и покрај престапите поради кои е осуден и одлежува затворска казна, во овие свети предбожикни денови, не треба да биде лишен од надежта за милосрдие, се вели во соопштението од МПЦ-ОА.

Истовремено, Синодот ја прифаќа иницијативата на Руската црква да посредува во отпочнувањето дијалог меѓу македонската и српската црква. Од МПЦ велат дека македонските архиереи со благодарност ја прифатија иницијативата за Руската православна црква, која изрази подготвеност да даде свој придонес за обновување и успешно реализирање на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ за решавање на отворените прашања кои постојат меѓу двете цркви.

Руската иницијатива доаѓа откако македонската и српската црква изминативе години не успеаја непосредно да ги решат прашањата поврзани со признавањето на независноста на нашата црква и со црковната формација на Вранишковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1