Протест: Хонорарците рекоа „не“ за придонесите


Незадоволни граѓани денеска протестираа против воведувањето на задолжително плаќање придонеси за здравствено и пензиско осигурување за хонораците кое треба да стапи во сила од почетокот на јануари.

protest honorar

Протестот почна од паркот „Жена борец“, продолжи пред Министерството за труд и социјална политика и заврши пред Владата.

Учесниците во протестот сметаат дека со воведувањето на задолжителното плаќање придонеси и за хонорарците дополнително ќе се осиромаши најзагрозениот дел од работниците, односно оние што не можејќи да најдат редовно вработување се принудени да се борат за својата егзистенција работејќи за хонорар.

За разлика од нив, минатата недела Сојузот на синдикати на Македонија и девет гранкови синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на одделни прес-конференции оценија дека со законските измени ќе се заштитат работничките права и ќе се зголеми социјалната сигурност на работниците.

Поддршка дадоа и од Сојузот на стопански комори според кои ќе се елиминира нелојалната конкуренција меѓу компаниите, а хонораците ќе добијат еднаков третман со работниците вработени на неопределено работно време.

Согласно законските измени од 1 јануари во системот на задолжително осигурување влегуваат и договорите за дело и авторски договори.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1