Скршени раце и нозе поради снегот – 13 лица примени во стара Градска болница


Триесетина пациенти со скршеници од снегот побарале помош во Хируршката клиника Свети Наум Охридски и градската болница 8-ми септември, пренесува Здравство24.мк.

led pad

Од вчера попладне до утринава во Св. Наум Охридски имале 13 пациенти со повреди претежно скршеници на подлактици. Имале и хоспитализација на пациент со фрактура на подколеница. И во 8-ми септември имале прием на десетина пациенти со скршеници. Лекарите алармираат на внимателно движење особено по најавите на УХМР за температури и до -15 степени што ќе доведе до голомразици.

Скопската брза помош за да одговорат на повици од планинските села, синоќа го активирале и теренскиот џип. Санитетските возила не можат да стигнат до високите места. Синоќа имале 22 покани и немале каснење. Единствен проблем имале со повик од село Сушица каде возилото поради непристапниот терен не можеле да стигнат. Но пациентот бил симнат до Петровец и од таму го презело возило на Брза Помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1