Мистериозен корисник на кинеската социјална мрежа Веибо очигледно го предвидел исчезнувањето на авионот на Ер Азија на летот QZ8501 речиси две недели пред леталото да исчезне и итно ги предупредил кинеските државјани да не користат авион на оваа компанија и на компанијата Малезија ерлајнс.
– Не станувајте уште една жртва на МН370, предупреди на 15. декември, мистериозниот корисник, додавјаќи дека Ер Азија би требало да биде на мета на „моќните“ сили кои се споменуваат како „црни раце“.
Корисникот трвдел дека „Црна рака“ сака да ја упропасти Ер Азија, втора по големина авио-компанија во Малезија.
Истражувачите се уште се во лов на остатоците авионот, кој имал 162 патници кога исчезнал.