Две водителки и една пејачка на листата за апсење поради проституција


Српската полиција откри кој се крие зад шифрираните имиња на проститутките најдени во лаптопот на естрадниот макро Михаил М., кој обезбедувал клиенти за Мими Оро.

Од друга страна пак, старлетите бараат да се легализира проституцијата, пишува српски Курир.

voditelkiii-apsenje-srbija-pros-mimi-01

Полицијата и обвинителството подготвуваат нов удар за елитната проституција во Србија, а зад решетки би можеле да се најдат две водителки и една пејачка. Српски Курир не ги објави нивните имиња, но повикувајќи се на информации од сопствени извори пишува дека тие и се добро познати на јавноста и дека имале исклучиво одбрана клиентела затоа што нивната цена била од 500 до 2000 евра.

– Засега не можеме да откриеме детали бидејќи на тој начин ќе ја попречиме истрагата, но, знаеме за кого станува збор. Нивните уметнички имиња се пронајдени на списоците во уредните „работни книги“ на естрадниот макро Михаил М. против кого полицијата поднесе кривична пријава. Сè уште се собираат цврсти докази против нив, вели извор од истрагата за српски Курир.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1