Отсечени речиси 20 села во Кумановско


Тринаесет села од општина Старо Нагоричане се отсечени и тоа Брешко, Буковљане, Добрача, Дренак, Жељувино, Канарево, Мгленце, Макреш, Малотино, Осие, Рамно, Цветишница и Цвиланце се остесечни села во Старо Нагоричане.

Од Регионалниот центар за управување со кризи објаснуваат дека се работи на расчистување на локалните патни правци и во текот на утрешниот ден ќе се направат напори патиштата кон овие планински села да бидат проодни.sneg-smetovi-zavejani-zrenjanin-vetar-foto-grad-zrenjanin-1391170275-437549

Во неколку села во оваа општина има прекин и на електрична енергија, а екипите на ЕВН работат на отстранување на дефектите. Регионалниот пат Драгоманце до село Арбанашко кој го одржува ЈП Македонија пат е во фаза на чистење Сообракајот во општина Липково се одвива отежнато со остатоци од снег на коловозите.

Од Регионалниот центар пак информираат дека патот кон претходно отсечените села е прооден исклучиво за теренски возила – џипови и лесни повисоки возила со зимска опрема.Станува збор за селата Руница, Алешевце, Белановце, Гошинце и Лукаре, Пресница,Стрима, Извор и Злокуќане, Освен една линија кон селото Матејче прекините со електрична енергија кон Виштица и Никуштак комплетно се санирани. До крајот на денот се очекува откстранување на дефектот.

Од секторот за урбанизам од општина Куманово информираат дека екипите на двете фирми задолжени за зимско расчистување, се концентрирани на чистење на патиштата кон соседните блиски села,Горно Којнаре, Никуљане,Орашац. Од почетокот на врнежите на снег досега фрлени се 50 тони сол.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1