Паричката од бадниковото лепче во семејството на премиерот Никола Груевски паднала кај неговата сопруга Боркица, дознава Курир.

Foto – Kurir
Паричката во семејството на претседателот Ѓорге Иванов се паднала во домот, додека кај семејството на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски кај ќерката Ивана.
Иванов и Вељаноски денеска присуствуваа на Божиќна литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, додека премиерот Груевски присуствуваше на Божиќна литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово.
-Христос се роди, навистина се роди. Нека е за многу години и нека денешниот празник ни носи здравје, повеќе успеси, нека ни носи повеќе работни места во државата, поголема благосостојба, поголема хармонија и меѓусебно разбирање, изјави премиерот Груевски по божиќната литургија.









