Мохамед Салмо Мија, додека ја обработувал земјата во своето село оддалечено на 200 километри од Катманду, го каснала отровна кобра па решил да и се освети. Од бес зошто го каснала да убил белата кобра со заби, односно и вратил со иста мера и ја изгризал до смрт.
Мохамед добил противотров во локалната болница и моментално се опоравува во својот дом, пренесуваат тамошните медиуми.
– Бев многу лут затоа што ме гризна. Ја следев, ја фатив и ја изгризав до смрт, раскажал 55 годишниот Мохамед на локалните медиуми.
– Можев да ја убијам со стап, но премногу „збеснав“ и закав да и се осветам на змијата па ја убив со заби, вели тој.
Непал е познат по отровните змии кои најмногу се активни за време на змијскиот период на монсуните.
Меѓу змиите кои влеваат страв меѓу луѓето е и индијскиот питон камењар кој може да достигне должина и до 10 метри како и смртоносната кралска кобра.
Се проценува дека секоја година во Непал од змија страдаат околи 20 илјади луѓе, а од нив околу 1000 умираат од отровот.










