Токму затоа, НАСА е обвинета за обид за теорија на заговор бидејќи директниот пренос од Меѓународната вселенска станица е прекинат токму во момент кога се појавува неидентификуван летечки објект (НЛО). Во два наврати, ловците на вонземјани забележале мистериозен објект кој се појавувал на нивните екрани.
Тоби Лунд, кој го следи движењето на неидентификуваните летечки објекти, неодамна забележал објект над вселенската станица после што преносот е прекинат за некои 15-тина секунди.
Тој објаснува дека директниот пренос секогаш се прекинува кога некој објект ќе се приближи до вселенската станица. Исто така, НАСА го отстранила тој видео запис од својата архива, со што создава сомнеж дека се труди да сокрие евентуална комуникација помеѓу астронаутите и НЛО. Сивиот објект е забележан како минува над хоризонтот, но веднаш потоа НАСА го префрлила емитувањето на друга камера.