Преку ден проси, а навечер живее во апартман за кој плаќа 100 евра дневно!


Преку ден просјак, навечер господин. Уште една приказна за богат просјак, овој пат од Белград

– Полицијата фати човек кој проси. Го донесе кај нас, а џебовите – полни пари. Може три казни да плати и пак да му останат, вели претседателот на Судот за прекршоци во Белградbozic_prosjak

 

Во првите 9 месеци од минатата година, Прекршочниот суд во Белград бил затрпан со 180 000 предмети. Во интервју за Информер, претседателот на Судот, Милан Мариновиќ објаснува дека неговите колеги често се среќаваат со азиланти, ама и со богати питачи кои носат куп на пари во своите џебови.

Тој раскажува за еден неверојатен случај на питач, кои преку ден просел за пари, а од “работното место” си одел во луксузен хотел.

– Привеле полицајците човек кој проси. Го донесоа кај нас, а џебовите му беа полни со пари. Фатиле и една млада жена како проси пред црквата Свети Марко. На крај, по истрагата, излезе дека таа живее во скап хотел каде дневно плаќа по 100 евра за апартманот. Имавме приведено и еден господин кој со автомобил собирал старци по домови и ги носел на разни локации за да просат. На крајот, им плаќал ручек и им давал дел од парите, изјавил претседателот на Прекршочниот суд во Белград.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1