Сакате ли да се преселите во странство? Овде видете колку чини животот таму!


Доволно е да го внесете името на градот во кој живеете и градот во кој посакувате да се преселите. Резултетите кои ќе ги добиете всушност ќе ви прикажат колку се поголеми или помали трошоците за стан, храна, превоз, купување на гардероба и слично.

Во изминатиов период е сè поголем бројот на луѓето кои ја напуштаат нашата држава – што поради нестабилната ситуација, големата невработеност но и поради многу други причини.troshok-za-zhivot-02

Сепак, поголемиот дел од луѓето кои токму од овие простори во изминативе децении заминуваа во странство, не беа во прилика детално да се информираат околу трошоците за живот во некоја од “ветените земји”.

Денес, со напредокот на технологијата, а пред сè тука сe подразбира интернетот, возможно е сите информации да ги пронајдете на едно место. Еден од исклучително корисните сајтови е секако Expatistan.com на кој со само два клика може да дознаете колку се трошоците за живот во некој од градовите во странство поголеми или помали, во однос на местото во кое моментално живеете.

Сè што треба да сторите е да го внесете градот во кој живеете и градот во кој сакате да се преселите. Резултатите ќе ви прикажат колку се поголеми или помали трошоците за стан, храна, купување на гардероба, колку се трошоците за превоз и слично.

Колку за пример, споредувајќи ги Скопје и Њујорк, резултатот е дека трошоците за живот во Њујорк се за 230 отсто поголеми во однос на оние во нашата престолнина.

Сепак, интересен е податокот кој вели дека трошоците за купување на гардероба се за 2 отсто поголеми токму во нашиот град, наспрема оние во Њујорк!

Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1