Неочекувано, но сопственикот на најпознатиот магазин за мажи, Хју Хефнер, јавно ги поддржа геј браковите во Америка.
Основачот на „Плејбој“ Хју Хефбер изгледа се води од тоа да му бидат на располагање повеќе „зајчици“, со тоа што младите момци кои се посакуваат, би застанале пред олаторт. Со ова и Хефбер стана уште една личност покрај Анџелина Џоли, Бред Пит, Вил СмитБарак Обама, кој што се залага за геј браковите во цела Америка.
Хефнер во колумна за порталот „Политико“, напишал дека доколку не постоела борбата за „сексуалната слобода“, бадијала би била сексуалната револуција и светот повторно ќе се врател во средниот век.
„Денеска сите врсти на сексуална слобода се под притисок на луѓе кои што се соединуваа во групи, кои ваквата дискриминација ја нарекуваат религиска слобода. Овие „морални групи“, ја дискриминираат секоја сексуалност, затоа што сексот сакаат да го сведат, не само на оној за продолжена врска.
Човекот кој што се децении живее со по најмалку три плавуши, девојки за кои милион мажи фантазираат секој ден, изјави дека ниту една држава во Америка не би требало да го скрати правото на брак.