Загреб: Од славината им излегуваат змиски животинки (Видео)


Граѓаните во Хрватска се плашат да се тушираат и да ја пијат водата, но, од водовод и канализација велат да си стават мрежички и опасност немало да има.

„Пуштив малку да протече вода, прита ставив еден сад да се наполни. Потоа видов нешто, слично како влакно на мојата коса. Но, потоа сфатив дека е нешто друго, затоа што пловеше и беше живо. На прв поглед ми изгледаше како долга глиста или пак змија“, вели една жителка од место во близина на Загреб.

„Не се работи за никаква глиста или пак змија. Овие животинки се познати под името Гордиан“, вели Романа Бановиќ од службата за контрола на квалитетот на водата, за дневник.хр.

Овие животинки бараат влажни подрачја, па не е чудно тоа што се завиткуваат во славините. Тие можат да се завијат во облик на чвор, па затоа додека не се пушти вода истите не излегуваат, од славините“, допонува Бановиќ, која смета дека ваквите животинки се појавуваат отпосле во славините, а не додека се проверува квалитетот на водата.

„Синоќа ми беше страв да се туширам. Размислував што може да се случи ако едно од животинките ми се закачи на телото. Не знам што би можела да направам во таа ситуација“, вели една од станарите во зградите.
„Гордиус, ниту во една фаза од својот живот не живее со човекот. Напротив истите го избегаваат и не шират заразни болести“, нагласува Бановиќ.
Ова е веќе втора година како жителите на помалите градски области покрај Загреб се борат со Гордиан. Веруваат дека ова се случува затоа што не се приклучени на градскиот водовод, кој го чекаат уште од 2006 година.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1