Во текот на ноќта, жителите на Лондон, се плашат да излезат надвор, бидејќи полицијата не успеа да го уапси напаѓачот, кој за период од десет дена нападна две девојки кои ги исече со жилет.
Првиот инцидент се случил на седми август, кога на неколку минути по полноќ, деветнаесет годишна девојка која сама се шетала низ лондонските улица, од зад грб била нападната од манијакот, кој откако ја здрапчил, со жилет и го пресекол вратот. Чудо е што оваа девојка преживеала. За среќа, длабоката расекотина за два милиметра не ги зафатила главната артерија и гркланот.
По десет дена, се случил и вториот напад. Дваесет и шест годишна девојка, на два часа по полноќ се враќала дома од некоја забава, исто како и претходната девојка, напаѓачот ја нападнал од зад грб, при што со жилет ја пресекол преку образите и брадата.
Жената ја преживеала несреќата, но сега има голема лузна на лицето.
Полицајци патролираат низ градот, барајќи човек со темен тен на кожата, на возраст од 18 до 25 години, висок околу 180 сантиметри.