ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: ИД жив го запалила заробениот јордански воен пилот


Исламска држава објави денеска видео-снимки од маж кој жив гори и наведуваат дека тоа е јорданскиот пилот заробен откако авионот Ф-16 се урна во Сирија на 24 декември.teroristi isis

Муас ал Касасбех извршувал воздушен напад врз позиции на ИД во кампањата на меѓународната коалиција против џихадистите.

На снимката чија веродостојност не е потврдена, прикажан е човек во пламен зад решетки. Јорданската Влада преговараше со припадници на ИД за размена на заробеници.

Националната телевизија објави дека Ал-Касабех е убиен пред еден месец.

Во друг видео-материјал објавен на исламистички форуми, Исламска држава упатува нови закани кон Франција каде како што тврди, има илјадници приврзаници подготвени за напади.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1