Обвинителството забрани објавување материјали од случајот „Пуч“, ќе отстранува видеа од Јутјуб


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара веднаш да запре објавувањето и емитувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка.obvinitelstvo-skopje

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите“, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Обвинителството.

Од ОЈО потенцираат дека објавувањето на вакви материјали е забрането и казниво со Закон.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција упати Барање до МВР на РМ да стапи во контакт со мрежата на која што беше објавен материјалот за негово отстранување како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина“, се вели во соопштението од ОЈО.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1