Апел да не се пие водата во Штип, Пробиштип и Неготино


Граѓаните во поплавените региони да проверуваат во центрите за јавно здравје дали е исправна нивната вода за пиење, препорачуваат од Комисијата за заразни болести при Министерството за здавство.pijte voda

Според најновите анализи од градските средини, водата не е безбедна за пиење во Штип, Пробиштип и Неготино, како и во повеќе села во штипско. Комисијата порача граѓаните да ги исчистат куќите кои биле поплавени, да одржуваат хигиена и да не користат храна која била во допир со излејаната вода за да се избегне ширење на заразни заболувања меѓу кои е и жолтицата.

Се апелира граѓаните сами да не ги отстрануваат умрените животни и да повикаат ветеринарна служба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1