ТРАГЕДИЈА: Загина позната балканска пејачка (ФОТО)


Во несреќата на патот Високо – Какањ, загина младата пејачка Амила Хасановиќ (21), а како што пренесуваат босанските медиуми, несреќата се случила кога пејачката со својот автомобил слетала од патот и упаднала во студената река Босна.foto500

За сега не се познати околностите под кои вчера околу 13 часот се случила несреќата во местото Доња Соча. Потрагата за телото и остатоците од автомобилот траела речиси 24 часа, а полициската акција била со намален интензитет  поради фактот дека реката Босна надошла и била намалена видливоста.

Денес околу 11:30 часот специјалните единици на полицијата успеале да извлечат тело на женска личност која е идентификувана како А.Х., а локалните медиуми тврдат дека се работи за Амила Хасановиќ која и стана позната по учеството во талент шоу програмата „Ѕвезда можеш да бидеш и ти“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1