Екипите на Град Скопје ја испумпуваат насобраната вода и ги санираат последиците од поплавите.во населеното место Стајковци каде по вчерашните обилни врнежи од дожд се поплавија подрумски простории, како и земјоделско земјиште.
Увид во текот на изминатата ноќ и денеска извршија и градоначалниците на Град Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.
– Стајковското Езеро, кое вообичаено се полни со водата што се слева од Скопска Црна Гора, како резултат на вчерашните обични врнежи прелеа, ги преполни и блиските канали, по што водата ги поплави околните површини и повеќе подрумски простории, соопшти Град Скопје.
Во соопштението се истакнува дека Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ја следи состојбата на терен и ќе интервенира секаде каде што има потреба.