Војската на таканаречената Илирида најави дека ќе создаде држава „Илирида“ во Македонија. Ова преку соопштение доставено до медиумите на албански јазик го најави Главниот штаб на албанската војска на Илирида, потпишано од некојси командант Дибран Шпати.
– Штабот ги информира Владата на Македонија и македонскиот народ дека државата „Илирида“ не е против ниедна нација, значи ниту против македонскиот, српскиот или грчкиот народ, но не го дозволува дивиот притисок на албанската нација под македонска власт. Македонија како независна држава ќе опстане само со признавањето на државата Илирида – се вели во соопштението.
Војската на таканаречената Илирида ги повика САД, ЕУ и НАТО да контактира со Владата на Македонија за да почне процедурата за формирање на државата „Илирида“.