Дојран ќе добие парк за скијање на вода


Tуристичките содржини во Дојран ќе бидат збогатени со изградбата на првиот парк за скијање на вода во Македонија и со завршување на почнатата рекреативна патека помеѓу Нов и Стар Дојран. Освен очекуваните инвестиции во туризмот, по подолго време, оваа година во Дојран се најавени инвестиции и во индустријата што ќе донесат нови вработувања. За ова денеска на прес-конференција говореше градоначалникот на општината, Борче Стамов.dojransko

Стамов нагласи дека 2014 година за Дојран била една од најдинамичните години од основањето на Општината досега. Освен тоа што се врати на мапата на туристички дестинации, во 2014 година ќе се одбележи највисоката сума на вложени средства во инфраструктурни проекти, или вкупно 93 милиони денари, што претставува 2,5 пати повеќе од основниот буџет на Општината.

Тој најави дека и годинава ќе следат крупни инвестиции во инфраструктурни проекти, за што надвор од основниот буџет, обезбедени се околу 93 милиони денари за повеќе крупни проекти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1