Никогаш нема да и простам на пијаната болничарка која ми даде погрешно бебе!


Животна приказна која го обиколи светот е уште еден доказ за тоа колку малку е потребно за целосно да се промени нечиј живот.

Имено, денес триесет и осумгодишната Софи Серано пред 19 години во Кан родила ќерка, а пред 10 години дознала дека од породилиштето си заминала со погрешно бебе. majka bebe smeneto
Медицинската сестра, во алкохолизирана состојба, ја направила грешката, а оваа мајка и ден денес не може да и прости.

Сестрата која што во болницата ги заменила бебињата со години се борела со депресијата и алкохолизмот, а во моментот кога на родителите им дала погрешни бебиња, таа била под дејство на алкохол. Замената на бебињата се случила во една приватна болница, а бебињата кои што биле жртви биле на третман за лекување од жолтица.

“Во собата на таа сестра се наоѓаше шише алкохол и сите тоа го знаеја. Не смееше да пие во близина на новороденчиња. Во болницата мораа да го спречат тоа, сите знаеја дека таа пие и на работа”, вели Софи.

Медицинската сестра моментално е на лечење во психијатриска болница, но Софи и покрај болеста не пронаоѓа оправдување за нејзината грешка. Оваа мајка со децении се борела со депресија поради таа грешка, но никогаш не се појавила на работа во состојба во која што некого би можела да повреди. Напротив, поради психичките проблеми ја напуштила работата.

Неодамна пред судот Софи ја добила судската битка против клиниката и отштета од два милиони евра. Идентитетот на другото семејство со кое што пораснала нејзината биолошка ќерка, не е познат. kerka-sofi-manonp-11

Во текот на целото судење претставниците на болницата кон родителите биле непријатни, притоа дури и обвинувајќи ги дека тие морале да забележат дека тоа не се нивните бебиња.
Софи ги забележала промените кај своето бебе уште во болницата, воочила дека кожата и е потемна, но сестрата ја утешила со зборовите дека потемниот тен веројатно е последица од лекувањето со УВ зраците.

Тие зборови ја смириле Софи, но не и нејзиното семејство, соседите и нејзиниот сопруг – сите се прашувале зошто нејзиното бебе е потемно од неа. Софи причината ја пронаоѓала во своето шпанско потекло, потсетувајќи се на роднините кои имаат потемна кожа и виткана коса.

Нејзината ќерка Манон пораснала со прекарот “ќерка на поштарот”, а нејзиниот сопруг поради тоа ја обвинил за неверство. Кога Манон имала 18 месеци, Софи си заминала од дома со својата ќерка, а кога таа наполнила 9 години, направиле и тест за докажување на татковството.

Резултатите го покажале она што Софи не можела да го замисли ниту во најголемиот кошмар – Манон не е биолошко дете на Софи и нејзиниот сопруг! “Што ако другиот пар си го бара своето дете назад? Што ако ја изгубам својата ќерка”, се запрашала Софи тогаш. kerka-sofi-manonp-13

Софи била и приморана да и ја соопшти вистината на Манон, која што била очајна поради можноста да се раздели од жената која што ја чувала сиот нејзин живот. Софи во ниту еден момент не престанала да ја гледа Манон како свое дете.

Три месеци подоцна адвокатот ја повикал Софи, велејќи и дека ја пронашол нејзината биолошка ќерка. “Тоа девојче многу личи на мене, толку е убава, неверојатна е”, додала Софи.

Несреќната мајка додала и дека средбата со нејзината биолошка ќерка била навистина потресна, убава и вознемирувачка. На почетокот семејствата често се среќавале, меѓутоа средбите со текот на времето станувале се поболни, па затоа биле и се поретки.

На крајот семејствата одлучиле децата да останат таму каде што се, со луѓето кои што ги одгледале. Софи со години се бори со депресијата, не можејќи да ја преболи загубата на биолошката ќерка, но истовремено е среќна со Манон и ја обожава, која па засега не сака да има деца!

Tocka.com.mk

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1