Четириесет годишниот Ш.А. од тетовското село Теарце вчера бил приведен од полицијата. По него биле распишани две централни потерници и една меѓународна.
-Едната потерница е од Основен суд Скопје 1 поради основано сомнение дека сторил “убиство во обид” извршено на 14.08.1999 на бул. “Едвард Карделј” во Скопје кога со огнено оружје-пиштол се обидел да го лиши од живот Џ.Б. А втората потерница е издадена од Основен суд Тетово за издржување на правосилна затворска казна во траење од осум години, а за извршено кривично дело “убиство во обид” сторено на 21.07.2009 година во с.Теарце кога се обидел да го лиши од живот И.И, соопштуваат од МВР.