Ова е монструмот од Србија: Го убил за крвна одмазда, го исецкал на парчиња и го чувал во фрижидер


Милан Грујичиќ (39) од Бела Црква е уапсен под сомнение дека го убил, па го искасапил Павел Анка (75) од селото Гребенац.

Деловите од телото на свирепо усмртениот човек се пронајдени во куќата на Грујичевиќ и тоа во замрзнувачот. Се претпоставува дека мотивот за злосторството се пари.uapsennn

-За да го прикрие злосторството, телото го ставил во кеси, па во замрзнувач. Најверојатно чекал погодна прилика па да се ослободи од лешот на искасапениот Павел – велат извори за српски Курир.

Павел Анка последен пат е виден на 9 февруари околу 15 часот. Неговото исчезнување е пријавено на 13 февруари од страна на неговиот син. Синот на убиениот кој исто така се вика Павел вели дека неговиот татко на 9 февруари дошол од Романија и отишол да се види со Грујичиќ.

-Требаше да се најдат за татко ми да разгледа и купи некој старински мебел. Со себе носеше 5.000 евра. Меѓутоа татко ми не се врати дома и од тогаш му се губи секава трага, рече синот Павел.

Убиениот Павел Анка (75)

Убиениот Павел Анка (75)

Со проверка на телефонските повици утврдено е дека Павел доаѓал кај Грујичиќ. Поради тоа вчера е сослушан и признал дека Павел бил кај него, но потоа заминал и дека не знае што се сличило со него. Набрзо го отвориле замрзнувачат и во него го ги затекнале црните кеси со месо. Го прашале: Што е ова?, а тој мртов ладен одговорил: „Тоа е Павел!“ Сите биле шокирани во тој момент.

При претресот на дворот пронајден е автомобилот на жртвата марка „форд“, кој исто така бил исечен на делови.

Медиумите од Србија пишуваа за повеќе сценарија- дека грозоморниот злочин бил направен поради љубомора од неверство или поради кражба на пари.

Уапсениот Милан Грујичиќ (39)

Уапсениот Милан Грујичиќ (39)

Но, монструмот го призна делото. Тој рече дека го убил и искасапил својот пријател поради крвна одмазда.

-Павел пред 15 години му носеше на мојот татко лекови од Германија во Србија. Сигурно му носеше погрешни лекови. Таблетите не му помогнаа на тато и тој почина, а јас знам дека Павел е одговорен за тоа. Го чекав вистинскиот момент за да му се осветам, рече Грујичиќ.

Според мислењето на инспекторите, овој човек злосторството го направил во моментално психичко растројство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1