Супстанцијата бисфенол е една од основните состојки на пластичната амбалажа и за која се докажа дека предизвикува појава на рак на црниот дроб, тврдат научниците од Универзитетот во Мичиген.
Бисфенол А е една од основните компоненти на пластиката. 90% од луѓето на светско ниво секојдневно ја внесуваат оваа штетна супстанција во својот организам. Поради сомнеж дека бисфенолот предизвикува појава на рак, исфрлен е од употреба при производство на бебешки шишиња и цуцли.
Препораката на експертите е да избегнуваме да користиме пластична амбалажа.
Бисфенол А(BPA), е широко користена компонента кај пластични контејнери и пакувања на хранливи продукти, како што е внатрешната обвивка на конзервите и покрај тоа што повеќе од 200 научни студии, покажуваат дека (BPA) е штетна за здравјето на луѓето. Употребата на (BPA), е толку природно што научниците откриле дека 95% од луѓето што се тестирале, имаат опасно ниво на (BPA) во нивните тела.
Избегнувањето на конзервираната храна е можеби најдобриот начин за да се избегне (BPA). Неодамнешните истражувања во Харвард школата за јавно здраство, открија дека конзервираната храна и пијалоците може да го зголемат нивото на (BPA) во вашите тела за 100%, само во период од пет дена.