Со години си ја продавал спермата: Се шокирал кога дознал колку деца има!


Еден маж од Лондон многу често ја продавал својата сперма бидејќи му требале пари. Пред 3 години, одлучил да ги провери податоците и останал вчудоневиден кога открил колку деца биле родени благодарение на неговите донации.

bebinjanoovo-600x401“The Guardian” напишал приказна за мажот, кој во статијата бил именуван како Крис Витман, кој со години ја продавал својата спрема за да заработи плус пари. По неколку години и еден пропаднат брак, Витман открил дека е татко на 34 деца.

Имено, во 1991. година, Витман живеел во Лондон, и работел како тренер меѓутоа не бил доволно платен. Барал било каква работа која би му донела дополнителна заработка.

Дознал дека донатори на спрема се бараат секогаш и не размислувал многу – станал редовен посетител на една клиника во јужен Лондон. “Два до три пати неделно одев во клиниката. Не разговарав со другите донатори, сите гледаа надоле кога минуваа низ ходникот. Меѓутоа, девојките кои работеа таму беа многу фини и секогаш расположени за разговор”, изјавил Витман.

Меѓутоа, набрзо нашол посериозна работа и поради распоредот не можел да ја посетува клиниката. Набрзо ја заборавил клиниката и заминал во странство со својата девојка. Таа не била многу воодушевена од тоа што некогаш го работел. “Само еднаш и го спомнав тој дел од моето минато. Нејзината реакција беше разбирлива, па јас никогаш повеќе не и кажав ништо на таа тема”, вели тој.

Но, по неколку години парот добил деца и се вратил назад во Британија. Неговиот живот целосно се променил, бил многу посветен на своите деца, и по некое време, почнал да се прашува каде се неговите други деца. “Тоа што станав татко ме освести. Станав свесен за последиците од тоа што го правев. Почнав да се прашувам како е да растеш, а да не знаеш кој е твојот биолошки родител”, вели Витман.

Тогаш се распаднал и неговиот брак, па се решил да дознае колку деца биле донесени на свет поради неговата сперма. Најпрво се обратил во агенцијата HEFEA која собира податоци за донаторите од Британија. По некое време му се јавиле и му кажале дека го држи рекордот за донирање, а потоа му пратиле писмо во кое пишувало дека во периодот од 1992. до 2003. година биле родени 34 деца благодарение на неговите донации. Само во 1993. година биле родени 16 деца.

“Тоа беше многу повеќе од тоа што мислев. Кога го добив тоа писмо, само гледав во него. 20 девојчиња и 14 машки трчаат наоколу со моите гени”, вели Витман.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1