Сега францусинот треба да се појави во рок од 60 дена да се појави и да си ја подигне наградата која изнесува 47.570.390 евра.
Лотаријата Евро милион, која е основана во 2004 година, во секое извлекување, во вторник и петок, има најмалу 20 милиони потенцијални добитници од девет земји: Франција, Британија, Шпанија, Луксембург, Белгија, Швајцарија, Португалија, Ирска и Австрија.
Секој играч има шанса од 1:116.531.800 да погоди кои броеви ќе бидат извлечени.
Рекордот на европската лотарија од 10 август го држи пар од Сафока на истокот од Англија, кој освои сума од 190 милиони евра. Рекордот во Франција припаѓа на за сега анонимно семејство од Нормандија, кое на 13 септември 2011 освоија 162 милиони евра.