Му поминала шипка низ черепот – работникот преживеал!


Лекарите во Бразил соопштиле дека Едвардо Леите, 24 годишен градежен работник преживеал откако шипка долга 183 сантиметри му го пробила черепот.

Луиш Есингер од болницата Нигел Коуто во Рио де Жанеиро за телевизијата О Глобо изјавил дека лекарите за време на петчасовната операција успешно ја извадиле железната шипка од Леитеовиот череп.

Тој изјавил дека момчето е при свест и дека не покажува никакви негативни последици по операцијата.

– Навистина е чудо како Леите преживеа, истакнал Есингер.

Металната шипка паднала од петтиот спрат од градбата на која работел работникот, го пробила неговиот шлем, влегла низ задниот дел од черепот и излегла меѓу неговите очи.

Несреќата се случила во средата на 15 август, а Леите бил опериран истиот ден.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1