Луиш Есингер од болницата Нигел Коуто во Рио де Жанеиро за телевизијата О Глобо изјавил дека лекарите за време на петчасовната операција успешно ја извадиле железната шипка од Леитеовиот череп.
Тој изјавил дека момчето е при свест и дека не покажува никакви негативни последици по операцијата.
– Навистина е чудо како Леите преживеа, истакнал Есингер.
Металната шипка паднала од петтиот спрат од градбата на која работел работникот, го пробила неговиот шлем, влегла низ задниот дел од черепот и излегла меѓу неговите очи.
Несреќата се случила во средата на 15 август, а Леите бил опериран истиот ден.