Путин ќе достави понуда до Македонија која не се одбива!


Eвропските медиуми објавија дека рускиот претседател, Владимир Путин, не се откажува од идејата за градење на гасоводот „Турски тек“ за кој минатата недела објавивме дека тој преку Турција треба да ја снабдува Европа со руски гас. Според последните информации од Кремљ, Русија и Путин ке им понуди на Грција, Македонија,Србија,Унгарија и Австрија преку свои фирми да го градат гасоводот од границата со Турција, па се до Виена под најповолни услови.putin gas

-Понудата на Путин нема да може да се одбие, а земјите низ кои ќе поминува гасоводот ќе ја добијат на пролет. На земјите на трасата на гасоводот ќе им биде понудено гасоводот да се гради со руска концесија која би била плаќана преку надоместок за проток на гасот или, пак, да им се даде кредит речиси без камата.Се очекува огромен притисок од ЕУ и САД проектот да биде одбиен, но и огромен притисок од гласачите до владите од Атина до Будимпешта да објаснат зошто одбиваат толку голема и исплатлива инвестиција, пишува Информер.

Се нагласува дека Путин на неодамнешната средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта разговарал токму за овој проект, кој наводно е веќе договорен со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

-Русија јасно се определи за јакнење на турската позиција како голем енрегетски гигант. Се очекува изградба на гиганстко складиште на гас во близина на турско-грчката граница од каде и треба да почне изградбата на новиот гасовод до Европа. Посетата на Путин на Будимпешта јасно говори за замислата која ја има, но се очекува притисок од Европа кон Грција и кон Турција, пишува Политика.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1