До средината на неделата ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со услови за повремени локален дожд,особено во западните предели, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
В четвток се очекуваат пообилни врнежи од дожд, но во вечерните часови према петок од север ќе се спушта постуден воздух, кој ќе предизвика и на некои пониски места врнежите да преминат во снег, особено во северните и западните делови на земјава.
Уште еден бран заладување може да има кон крајот на месецов и тоа според метеоролозите ќе биде последното од оваа зима.