Tеодора Викторовиќ (39), внука на актерот Михајло е уапсена поради сомнение дека со сатар ги уби својата мајка Лилјана и бабата Иванка.
Монструозниот чин го направила во стан каде се наоѓало и нејзното 6-месечно бебе.
Полицијата го уапси и нејзиниот невенчан сопруг Бранислав, чија улога во ова злосторство треба дополнително да се утврди. Она што е познато е дека и тој бил во станот за време на грозоморното двократно убиство.
Теодора е однесена итно во болница бидејќи била предозирана со алкохол и лекови.
Двете жени-жртви се најдени мртво во своите кревети, па се претпоставува дека се убиени додека спиеле.
Лекарите биле изненадени, кога во крвта на Теодора биле измерени 3,5 промили алкохол.