Доколку сакате да се ослободите од многу болести доволно е да ги исчистите цревата од слузот, фекалните наслаги и други паразити.
За 70 години живот, низ нашите црева поминуваат 100 тони храна и 40.000 литри течности, што значи дека во стомакот се наталожуваат 15 килограми фекални наслаги и токсични отпади.
Тие ја трујат крвта и на организмот му нанесуваат непоправлива штета.
За фактот дека вашите црева се валкани сведочат честите запеци (опстипација), нарушениот метаболизам, дијабетесот, прекумерната или недоволната тежина, болестите на бубрезите и црниот дроб, болестите со слухот и видот, лошата состојба на кожата, косата и ноктите, како и други болести, од артритис до рак.
Со помош на клизма може да се очисти само мал дел од дебелото црево, односно 40-50 см, а третманот на перење на цревата со помош на специјална апаратура е многу скап, долготраен и не е безопасен за цревната микрофлора.
Конзумирањето на една до три лажици брашно од ленено семе во рок од три недели може потполно да го исчисти дебелото и тенките црва од долгогодишниот слуз, фекалните наслаги и паразитите, притоа целосно зачувувајќи ја цревната микрофлора.
Оваа метода овозможува брза нормализација на тежината и согорување на масните наслаги.
Позитивно влијае на регулирањето на липидниот метаболизам. Брашното од ленено семе може да ги апсорбира и елиминира токсините во организмот и да го намали нивото на холестерол во крвта.
Овој лек ќе ви помогне доколку имате гастритис, колитис, чир на желудник и на дванаесетпалечното црево, болести на уринарниот тракт, цистит, пиелонефрит, прекумерна тежина, како и нарушен метаболизам.
Наместо појадок, три седмици конзумирајте ја оваа смеса:
Прва недела: 1 лажица ленено брашно помешано со 100 мл кефир
Втора недела: 2 лажици ленено брашно помешано со 100 мл кефир
Трета недела: 3 лажици ленено брашно помешано со 150 мл кефир
Ако ви е проблем да најдете ленено брашно, купете ленено семе и ситно сомелете го. Немојте да правите резерви за повеќе денови.
Најдобро е доколку секое утро си подготвувате свежа порција. Задолжително пијте по 2-3 литра вода на ден.
Чистењето на цревата на овој начин можете да го практикувате еднаш годишно.