Сака да бега од Русија: Сноуден побара од швајцарските власти да му дадат азил


Поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден ја повика Швајцарија да му обезбеди азил. Тој истакнува дека сака да живее во Женева каде извесно време работел тајно за ЦИА

Сноуден ја даде изјавата преку видео-врска пред публика во Женева, по проекција на Оскаровецот, Граѓанинот 4, што го претставува неговиот случај.

– Би сакал да се вратам во Швајцарија, имам спомени од Женева. Тоа е многу убаво место, вели тој.snouden cia

Сноуден рече дека побарал азил во 21 држава, повеќето во централна и западна Европа.

– За жал ниту една држава не рече – да, наведе Сноуден.

Тој бил акредитиран во дипломатската мисија на САД во Женева од март 2007 до февруари 2009 година и се занимавал со упади во комуникациски системи.

– Во Швајцарија се уште има активно американско шпионско присуство, нагласи тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1