Осумнаесет месечно бебе преживеало 13 часа на студ покрај мртвата мајка која починала во сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Јута, пренесуваат медиумите во САД.
Риболовец ја пронашол Лили во автомобилот кој бил половина во вода откако излетал од мост и паднал во река. Малото девојче цели 13 часа била на задното седиште, полупотоната во студената вода. Бебето кое со хеликоптер е пренесено во детска болница се бори за живот. Полицијата ги истражува околностите под кои се случила несреќата.
Лин Џенифер Гросбек (25) во петокот вечерта се враќала дома по посетата на нејзините родители. Што се случило дополнително ќе се истражува. Луѓето кои живеат во близина велат дека слушнале силен удар, но бидејќи на мостот немало некој не помислиле дека станува збор за сообраќајна несреќа.