Исчезнале пред 55 години, а сега се пронајдени нивните замрзнати черепи


Тим на мексички планинари најпрво пронашол едно замрзнато тело на највисоката планина во земјата, Оризаба, а потоа наишле и на друго мумифицирано тело, пренесува АФП.

Група од 12 локални планинари тргнале на експедицијата откако други алпинисти ги известиле дека виделе черепи замрзнати на 310 метри од врвот на Оризаба, планина висока 5610 метри.

Второто, исто така, замрзнато и мумифицирано тело било откриено на околу 150 метри.mumija sneg

-Не бевме во можност да ги пренесеме бидејќи ни сметаше маглата – вели Хуан Наваро, градоначалникот на Чалчикомуле де Сесма, во близина на планинскиот град во централниот дел на мексиканската држава Пуебла.

Тој додаде дека само двајца алпинисти успеале да стигне до местото каде што се телата.

– Откако е откриено првото тело, луѓето од Шпанија и Германија ја повикаа мексиканската влада и рекле дека тие веруваат дека тоа се нивните роднини – изјавил Наваро.

Локалните власти, сепак, мислат дека се работи за двајца или тројца Мексиканци кои исчезнале во лавина пред 55 години. Парчињата облека кои се оставени на телата треба да помогне во идентификацијата.

Планинарите повторно ќе се обидат да дојдат до телата со помош на хеликоптер, откако ќе следи идентификацијката.

Планината Оризаба, е позната и како Вулканот Китлатепетл, многу е популарна меѓу алпинистите, иако во минатото имало смртни случаи и исчезнувања, укажува АФП.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1