Стомачен вирус ја зарази пола Македонија – еве што да правите за да не се заразите


По зачестените случаи на дијареа и гастроентеритис предизвикани од стомачни вируси од почетокот на годинава, Министерството за здравство излезе со препораки за заштита и превенција.

– За заштита и превенција од ова заболување се препорачува избегнување контакт со заболен, одржување лична хигиена, редовно миење раце, темелно миење на овошјето и зеленчукот пред конзумирање, чистење и дезинфекција на површини, а особено на детските играчки, се вели во препораките што денеска ги објави Министерството за здравство.

stomak bolki

Поради можноста за индиректен начин на пренос, од Министерството истакнуваат дека е потребно да се избегнува допирање на очи, нос и уста со неизмиени раце. Имајќи предвид дека вирусот почесто се појавува кај малите деца, посебно внимание треба да се обрне на одржување лична хигиена и развивање хигиенски навики кај децата. Исто така, особено е важно редовно миење раце на децата за време на престојот во градинка и училиште.

Стомачен вирус е заболување предизвикано од различни типови на ентеровируси. Ова заболување најчесто се појавува кај помладата популација, во текот на целата година, а особено на почетокот на пролетта и летото.

Според податоците од системот „МојТермин“, од почетокот на годинава за дијагнозата дијареа и гастроентеритис се креирани вкупно 3.775 упати и 3.456 рецепти, додека за истата дијагноза во текот на изминатата година се креирани вкупно 15.689 упати и 25.978 рецепти.

Најголем дел од заразените (над 90 проценти) не развиваат никакви симптоми, а кај останатите може да се појави покачена температура, симптоми на настинка, симптоми на гадење, повраќање, дијареа. Во многу ретки случаи стомачните вируси може да предизвикаат и компликации, особено кај лицата со намален имунитет, како што се мозочни и срцеви заболувања, воспаление на бели дробови…

Стомачниот вирус најчесто се шири при контакт со заболено лице, или индиректно преку загадена вода, храна, предмети (детски играчки, прибор за јадење…).

Лекувањето на стомачниот вирус кај полесните случаи опфаќа симптоматска терапија и конзумирање повеќе течности и витамини за да се спречи дехидрирање, додека кај поизразената клиничка слика потребна е дополнителна терапија по препорака на лекар.

Со цел информирање на пошироката јавност за превенција од различни заболувања, соопштенијата на Министерството за здравство отсега ќе бидат споделувани на новата Facebook страница ИнфоЗдравје, која е официјална страница на Министерството за здравство, наменета за споделување вести, информации од областа на здравството и совети за превенција.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1