Најниски минимални плати во земјите од Западен Балкан имаат граѓаните на Косово, Македонија и Албанија, а највисоки во Хрватска и Црна Гора, објави Евростат.
Според последните податоци, минималната плата во Косово се движи од 130 до 170 евра, во Македонија 131 евро, а во Албанија 149 евра. Во Србија минималниот личен доход изнесува 174 евра, а во БиХ 191 евро.
Во Црна Гора минималната месечна заработувачка е 193 евра, а во Хрватска таа изнесува 396 евра.
Со исклучок на Хрватска, земјите од Западен Балкан се со едни од најниските минимални плати во Европа. За споредба, според Евростат, минималните плати во ЕУ се движат од 184 евра во Бугарија со 1.923 евра во Луксембург.