Во Скопје денеска максималната дневна температура ќе биде 15 Целзиусови степени, во Тетово 14, Гостивар 13, Маврово 6, Дебар 13, Штип 15, Берово 10, Струмица 14, Демир Капија 16, Дојран 13, Кавадарци 13, Крушево 6, Охрид 12, Битола и Прилеп 11.

Foto – flickr.com
Во текот на вечерните часови, во југоисточните делови од земјата ќе настапи локално наоблачување со можни слаби врнежи од дожд. Подоцна, во текот на ноќта, во Македонија ќе потпадне на североисточно воздушно струење што ќе предизвика пад на дневните температури и до 5 степени.
Утре времето ќе биде облачно и врнежливо со дневни температури од 5 до 11 степени. Во четврток ќе почне растот на дневните температури од 6 до 12. Веќе во петок ни се враќа сончевото време со дневни температури од 7 до 13 Целзиусови степени.









