Нашиот натпреварувач Алмир Исмаили го одушеви жирито со интерпретацијата на песната „I believe I can fly“ и ги доби сите четири гласа.
Македонскиот претставник Алмир е вработен како оператор во фирма за антивирусни програми. Неговиот настап беше самоуверен и емотивен, па Алмир предизвика и овации од публиката.
– Ми доаѓа да истрчам на таа сцена и да испеам нешто со тебе. Браво, прекрасен вокал, искоментира Александра Ковач, додека Жељко Јоксимовиќ ја пофали неговата боја на глас.