ВИДЕО: Заеви купуваат багатела хациенда на плажа во Грција


Секое лето Заеви уживаат во ексклузивна куќа на три спрата на море во Грција. Порталот „Прес 24“, објави документите кои покажуваат дека првите братучеди на Зоран Заев, Трајче и Бобан Заеви на крајот од 2012 година ја купиле оваа екслузивна куќа на Халкидики во Неа Мудања. Ексклузивната хациенда е со голем двор од околу 300 метри квадратни. За неа според документите со кои располага порталот тие платиле 110.000 евра.dogovororor111

Како што се наведува во текстот, „Прес 24“ во моментов располага само со еден од трите договори преку кои било извршено плаќањето. Овој договор е склучен на 20.000 евра, а нашиот извор вели дека таа се продала преку уште два договора со што се достигнал вкупниот износ од 110.000 евра.

На него јасно се гледа дека семејството Заеви станува сопственик на оваа екслузивна хациенда на Халкидики во Грција.ZAEV vila dok1-433x654

Според порталот сомнителна е и цената од 110 000 евра бидејќи реалната вредност на куќата според огласите за недвижности е 330.000 евра. Како семејството Заеви успеа да купи куќа по цена три пати пониска од реалната, зошто некој би продал куќа која вреди над 300.000 евра за 110.000 евра и дали куќата е некаков подарок, прашува порталот.

Инаку, Трајче и Бобан Заеви, освен роднински се и капитално поврзани со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тие се бизнис ортаци преку повеќе фирми кои што работат со општината Струмица. Имено, Бобан Заев е овластено лице во фирмата Тргопродукт, која беше вмешана во аферата со отровните корнишни.

Трајче Заев е овластено лице и еден од главните во семјената фирма на Заеви, Еленица. Медиумите во повеќе наврати објавија дека токму оваа фирма од општина Струмица инкасирала милионски суми преку тендери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1