Или Косово во Европската унија или Албанија на класичен начин ќе се обедини со Косово. Албанскиот премиер Еди Рама му порача на Брисел дека ако ја игнорира евроинтеграцијата на Приштина, својата територија ќе ја припои со северниот сосед. Досега Рама зборуваше само за симболично обединување на двете земји во рамките на Европската унија, но сега прв пат јавно ја начна темата за Голема Албанија, став што наиде на жесток одговор на Белград – Ова е груб напад на мирот и стабилност во целиот регион, пишува Канал5.
– Ова е опасен повик за прекројување на границите на Балканот. На куќата на Еди Рама во Тирана, непречено и без ничија осуда стои знамето на т.н. Голема Албанија, во чии рамки се опфатени не само нашата јужна покраина, туку и Централна Србија, Македонија, Грција и Црна Гора. Ова е случај, кој не смее да биде премолчен од Меѓународната заедница, изјави директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Џуриќ.
Изјавата на Рама, дадена за телевизијата Клан Косово, ја поддржа и екс косовскиот премиер Хашим Тачи, кој рече дека обединувањето на двете земји е реалност, ако Приштина остане изолирана од Европската унија. И тој и Рама посочија дека Косово е единствената земја во регионот, која е надвор од процесот на визна либерализација.